Македонија

Еден од ексдиректорите на ЕСМ се предал на полицијата на „Табановце“

Васко Стефанов, ексдиректор во ЕСМ, откако Васко Ковачевски се тргна од функцијата, е уапсен на ГП Табановце. Подолг временски период бил отсутен од Македонија, а неговото враќање е откако денеска, имаше голема акција во која тој се јавува како осомничено лице. Стефанов е прифатен од полициските службеници на граничниот премин и спроведен во полициска станица на распит.

Засега не е извесно дали за него од обвинителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе се бара притвор. За тоа, ОЈО-ГОКК ќе се изјаснат во текот на утрешниот ден.

И натаму недостапен е Васко Ковачевски. За него се појавија многу шпекулации и непотврдени информации, меѓу кои дека има странско државјанство. Тој според евиденцијата на МВР, ја напуштил државата од пред повеќе од една недела.

Сите детали од претресите и апсењата за РЕК Битола: Одземени се 130.000 евра, има материјални докази

На почеток