Македонија

Зголемен бројот на одобренија за градба, најмногу станови ќе се градат во Центар

Се зголемува интензитетот на градежните активности – во октомври се издадени 363 дозволи за градба, што е за 11,7 проценти повеќе во однос на состојбата од пред една година. Зголемена е и вредноста на објектите што ќе се градат и изнесува 137,7 милиони евра. Најголем дел од инвеститорите се физички лица, предвидени се 913 станови, од кои над 35 проценти ќе имаат адреса во скопски Центар, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција.

Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвеститори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори се деловни субјекти.

На почеток