Македонија

Екс директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Дваесетина осомничени, со лисици на раце, беа спроведени денеска во Кривичен суд. Тие се осомничени во акцијата „Адитив“, за криминал на ЕСМ и РЕК тежок 6,5 милиони евра.

Мeѓу нив, во судот со лисици на рацете беше донесен и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов.

Стефанов од странство се врати во Македонија и беше приведен на граничниот премин Табановце пред да биде изведен денеска на суд.

На почеток