Скопје

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Општина Илинден со своите активности континуирано спроведува активности кои се насочени кон зачувување и промовирање на традиционалните македонски музички културни вредности, велат од општината.

„За таа цел градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски потпиша договор со кој се дава поддршка на локалната музичка група од Општината, Енерџи Бенд во реализација на музичкиот проект за преработка на македонски патриотски песни, кои се историско наследство на македонската музика.

Општина Илинден и понатаму во своето работење ќе ги поддржува сите културни настани, активности и манифестации кои ќе придонесат за унапредување и зачувување на културата и музиката во Илинден“, се наведува во соопштението на општината.

На почеток