„Беса Транс“ со право се жалеле одлучила Апелација – пресудата е укина пресудата
Случајот за фалсификување на исправа за автобусот на „Беса Транс“ ќе се суди одново, а Апелација смета дека фирмата со право се жалела, заедно со сопственикот Беким Хаџиу. Според судот, има суштински повреди во постапката. Па така, укината е казната од околу 13.000 евра и забраната за давање лиценца за превоз на патници во наредните четири години.
Според Апелација, Кривичен суд и судиите не ги утврдиле точните факти, па затоа, пресудата од 7 март оваа година морала да биде укината по службена должност. Предметот го водеше судијата Ивица Стефановски кој го суди судскиот процес за убиството на Вања и Панче, а претходно го судеше процесот за убиството кај Смилковското Езеро.
Овој случај беше отворен по големата трагедија која се случи со автобус на „Беса Транс“, кога имаше сообраќајка во Бугарија, па загинаа 45 патници. Судијата Стефановски пресуди дека газдата е виновен бидејќи во повеќе наврати била употребена лажна исправа, односно извод од лиценца, која воопшто не била издадена од Министерството за траспорт и врски.