(Видео) Апасиев купува хотел, веројатно со парите од бонусите во СЈО, вели Стојаноска во „Претрес“
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во „Претрес со Ландов“ тврди дека пратеникот на Левица, Димитар Апасиев купува хотел. Таа претпоставува дека тоа го прави со бонусите кои ги земал од СЈО, пари за кои има предмет кој се води во Обивнителството.
„Има пратеници кои хотели што купуваат. Еве ви една асоцијација – хотел Опреа. Претпоставувам од бонусите што ги земал од СЈО“, рече Стојаноска, па на прашање дали е тоа Апасиев, одговори: „Да кој што мисли дека мене ме навредува кога ќе ме нарече ‘богаташке’“.
Стојаноска посочи дека таа потекнува од семејство кое имало капитал, како и дека становите не ги купила таа, ниту пак биле купени во време кога била пратеничка.
„За тоа што правам јас со платата од 2000 евра воопшто нека не се грижат. Ги нема тие луѓе кои би ме одбраниле, ама нема потреба мене никој да ме брани. Целта им е да ме замолчат, но нема да им се дозволи тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што сум гласна!“, додаде Стојаноска во „Претрес“