Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СПЦ поднесе кривична пријава против функционер поради објави на Фејсбук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
spc

Рашко-призренската епархија на Српската православна црква во петокот до Основното јавно обвинителство во Приштина поднесе кривична пријава против Селим Пацоли, висок функционер на партијата „Ново косовски сојуз“ (АКР), за кривично прекршок за поттикнување раздор и нетрпеливост.

— реклама —

СПЦ во соопштението наведува дека Селим Пацоли на својот Фејсбук профил во две одвоени објави повикал прво да се спроведе акцијата „Бура“ против српското население - термин кој за српскиот народ недвосмислено значи етничко чистење.

— реклама —

Во друга објава отиде и чекор подалеку, упатувајќи сериозни обвинувања кон СПЦ, означувајќи ја како „главен поттикнувач“ на наводните „четнички банди“ кои, како што тврди Пацоли, „убивале и палеле на православниот празник“, јавува РТС.

— реклама —

„Нашата црква на Косово и Метохија во континуитет е против секое насилство, па дури и активно се занимава со помагање на настраданите без разлика на нивната етичка или религиозна припадност, што е постојано потврдено од многу истакнати меѓународни претставници. Ваквите остри обвинувања се отворен јазик на омраза од политичар и груба клевета која повикува на насилство“, се вели во соопштението на СПЦ.

— реклама —

Во соопштението, СПЦ ги повикува меѓународните актери да реагираат и внимателно да ги следат активностите на косовските институции, особено на судските институции, наведувајќи дека отсуството на казна, односно наметнување на неприфатливо благи санкции, ќе послужи како премолчено одобрение за натамошно ширење омраза и создавање атмосфера погодна за нови злосторства против Србите и СПЦ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања