Острите зборови на легендата Алкараз: „Да бидеме реални…“
Поранешниот тенисер број еден во светот Енди Родик го критикуваше тенисерот број три во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.
Карлос Алкараз годинава освои две грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон), а Шпанецот беше мета на критиките на Енди Родик.
„Карлос, да бидеме реални. Тој ја заврши сезоната на 6 декември, поминувајќи една недела на одмор на Карибите со пријателите пред да ги игра овие изложби. Тој веќе се одмори, играше и заработи многу пари. Во кој момент можеме да кажеме некому дека не ја врши својата работа за огромна плата?“ – рече Енди Родик.
Следен предизвик за Алкараз ќе биде Австралија опен во јануари.
„Сите сме возрасни, ова е бизнис. Она што не го прифаќам е кога велат: „Па, немав доволно долга пауза помеѓу сезоните“. Не сакам да го слушнам тоа во Австралија, ако нешто не му оди. Тоа е се. Не сакам да го слушнам тоа“, изјави Родик.