Свет

Украинците ја нападнаа Чеченија со дронови: Експлозии одекнуваат во Грозни

Беспилотни летала го нападнаа градот Грозни во Чеченија утрото на 15 декември, погодувајќи една зграда.

Очевидци тврдат дека слушнале звуци од експлозии околу 07:45 часот по локално време, наведувајќи дека пред детонациите во блиското село се слушнале звуци карактеристични за беспилотни летала (UAVs), пренесува руска „Газета“.

Чеченските власти тврдат дека станува збор за украински беспилотни летала.

Калналите на Телеграм, цитирајќи локални жители, објавија дека беспилотните летала биле насочени кон база во која се стационирани припадниците на мобилната единица за специјални намени (ОМОН) и вториот полк на специјалните полициски сили.

Извештаите на социјалните мрежи, исто така, сугерираат дека, покрај базите на ОМОН и вториот полк, дрон погодил и воен објект што често се користи за испраќање персонал во Украина.

Специјалните сили на Кадиров и претходно беа цел на напади со беспилотни летала, кои доведоа до повредени и материјална штета.

Нападот на базите на ОМОН во Грозни се случи неполна недела по претходниот напад.

На почеток