Боки 13: Поради нанесениот, преживеан стрес и влошеното здравје, се повлекувам од појавување на „гивавејот“ на Лазаров
Бојан Јовановски-Боки 13, се повлекува од појавување во јавност со Стефан Лазаров на најавените настани за „Гивавеј“, со Стефан Лазаров.
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период“, напиша Јовановски-Боки 13.
Тој додаде: „П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи…“.
Лазаров вчера се пожали дека против него и Боки 13 се води хајка.
„Едно нешто ќе побарам. Не верувајте на сѐ што читате, повторно организирана хајка. Ние ќе продолжиме да правиме добри дела, а за другиот дел се ќе си биде докажано. Да сте ми живи и здрави“, објави Лазаров.