Пукање во Лондон: Една жена загина
Покрената е истрага за убиство откако една жена беше убиена, а двајца мажи беа повредени во тројно пукање во северозападен Лондон.
Полицајците биле повикани околу 21.15 часот во саботата по дојавата за пукање во Харлсден.
Жената, за која се верува дека има четириесет години, била пронајдена повредена, но и покрај напорите на итната помош, била констатирана смрт на местото на настанот.
Повредени се и двајца мажи, двајцата на возраст од триесет години. Еден од нив е во критична состојба во болница, додека повредите на другиот не се опасни по живот, пишува Sky News.
Патиштата околу местото на инцидентот се уште се затворени, а засега нема уапсени.
Тони Џозефс од командната единица рече:
„Ова е навистина шокантен инцидент во кој една жена го загуби животот, а двајца мажи беа повредени. Ја разбирам загриженоста што ова ќе ја предизвика во локалната заедница и низ Лондон. Сакам да ги уверам луѓето дека тим од искусни детективи веќе работи напорно за да ја состави целосната слика за синоќешните настани и да ги идентификува одговорните за овој грозоморен чин на насилство. Доколку сте биле во близина на Гифорд Клоус во моментот на пукањето или имате какви било информации за одговорните луѓе, ве молиме контактирајте не. Едно семејство е оставено завиено во тага и мора да работиме заедно за да им дадеме одговори“.