Скопје

Комунална го кара Герасимовски: Светилките се на височина под законскиот минимум, барајте одговорност од фирмата која зема илјадници евра

„Невистинити се тврдењата на градоначалникот на општина Центар, Герасимовски, кој изјавил дека дека Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје го уништувало тоа што општината го украсила“, велат од ЈП Комунална и додаваат:

„Камионот на ЈП Комунална хигиена-Скопје кој го подигнува отпадот во општината Центар, не искинал светилки на сообраќајницата во општина Центар, туку тие се поставени под законски утврдениот минимум од 4,7 метри височина.

Градоначалникот треба да знае дека истото комунално возило на истата таа траса собира отпад веќе 10 години, возилото е високо 3 метри и никогаш не би имало проблеми доколку каблите што ги поставила општината Центар се монтирани соодветно законски на височина од 4,7 метри.

Наместо да го обвинува Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, градоначалникот Герасимовски треба да побара одговорност, и материјална и кривична, од фирмата која од општината зема илјадници евра, а ги загрозува безбедноста во сообраќајот и воопшто безбедноста на скопјани“.

(Видео) Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град, туку го уништува и тоа што Центар го постави, обвини Герасимовски

На почеток