Скопје

Во Ѓорче Петров запален џип

На 15.12.2024 во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Струмјани“ на подрачјето на Ѓорче Петров било опожарено патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На почеток