Скопје

Се претресувше и апсеше во Арачиново и Чаир: битката била со скопското подземје, акцијата пробиена

Акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција била пробиена, па неместо утре, беше спроведена вчеравечер, а таргет беше скопско Арачиново и скопското подземје. Резултатот е неколку уапсени лица, членови на нарко-картели, кои извршувале тешки кривични дела по нарачка.

Неофицијално, има лица и до кои не се стигнало поради тоа што успеале да дознаат информации пред полицијата да добие наредба да прави претреси. За реализација на оваа акција беше вклучено Министерството за внатрешни работи, а откако обвинителот дошол до сознанија преку претходни истражни мерки.

Според првичните информации, целта на акција е разбивање на кланови кои делувале на територија на Скопје, а дел и надвор од градот. Уапсените се врзуваат и со пукањата кои се случија изминатите месеци. Освен во Арачиново каде се контролираше влезот и излезот на населеното место, претреси имаше и на неколку локации во Чаир.

Повеќе детали се најавуваат за во текот на денешниот ден.

На почеток