Полицијата влезе во домот на Груби
Од
Објавено на
Полицијата од утрово врши претреси на повеќе локации поради сомнеж за организиран криминал во Лотарија.
Според информации на Скопје1, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Како што објавивме претходно, тој не е во Македонија, но како што сам објави, во приватна посета е на Косово, а потоа ќе се врати во Македонија.
Полицијата го бара и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.