Македонија

Четири лица приведени за планирање терористички напади

Четири лица се приведени, поради планирање терористички напади низ Македонија врз цивилни цели и јавни објекти, како дел од акцијата која МВР ја спороведе на територијата на Гостивар и Струга. Определен им е притвор од 30 дена.

Притоворот им е одреден поради сериозноста на делото, можност за повторување на истото и опасност од бегство, информират од Кривичниот суд. Повеќе детали околку оваа акција, но и акцијата во која беа разбиени криминални групи во Арачиново и Чаир попладнево на прес конференција се очекува да обелодени министерот за внатрешни Панче Тошковски.

На почеток