Седуммесечно бебе почина на Детската клиника
Бебе на возраст од 7 месеци минатата вечер починало на Клиниката за детски болести, потврди директорот Реџеп Мемеди. Бебето според директорот имало оштетување на повеќе органи по што дошло до влошување на состојбата и смртен исход.
„Лекарите вложиле напори да го спасат но не успеале. Се трудиме да имаме што помалку смртни случаи ама не секогаш нашето знаење ни помага да одбегнеме морталитет“, вели Мемеди.
Ова е петто дете што почина за само неколку месеци на оваа Клиника. Остануваат дилемите, дали седуммесечното бебе било навреме хоспитализирано на клиниката и дали претходно добивало соодветна лекарска нега. Според сè уште непотврдени информации, лекарите најпрво одбиле да го хоспитализираат, односно го примиле два дена подоцна. Министертвото за здравство најави вонредна инспекциска контрола на клиниката.