Македонија

Засега нема притвор за Груби, се враќа ли во Македонија?

Засега Кривичниот суд нема одредено мерка притвор за ексвицепремиерот Артан Груби, велат од Кривичен суд за „Скопје1“. Тој е осомничен во предметот за „Државна лотарија“, но истовремено, не е ниту во Македонија.

Дел од медиумите објавија дека Груби се враќа во Македонија, но „Скопје1“ не успеа да добие ваква потврда од осомничениот кој засега се наоѓа во Косово, каде отиде пред два дена (неделата).

Засега е познато дека Груби со уште едно лице, во возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија преку граничниот премин со Косово. Се шпекулира дека станува збор за газда на познат бренд.

Детали од истражната постапка за проневера во “Државна лотарија”, предложени мерки за обезбедување

На почеток