Со потерница ќе го враќаат Груби од Косово
Од
Објавено на
Артан Груби се бара со меѓународна потерница. Ова доаѓа откако доби притвор од Кривичниот суд, како осомничен во предметот „Лотарија“. Истовремено, со потерница се бара и ексдиректорот на Лотарија, Перпетим Бајрами.
„По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во “Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница“, велат од Обвинителството.