Почесниот конзул на Косово, Папранику во полициска станица за бегството на Груби
Почесениот конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику е повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош.
Во медиумите Папранику посочен како сопатник на поранешниот вицепремиер Артан Груби кога тој ја напушти државата и замина за Косово. Тие се возеле со возило со дипломатски таблички.
Тоа беше еден ден пред спроведување на акцијата „Лотарија“.
Папранику е газдата на Нептун и косопственик на трговскиот центар Ист Гејт.
За поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби се распишани меѓународни потерници.
Двајцата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при процесот на јавни набавки во Државна лотарија.