(Видео) Родителите на загинатиот диџеј Љупчо: Презумпција на невиност не почитуваме, нас 5 месеци институциите не нѐ почитуваат
Вечерва во Претрес со Ландов гости се Раде и Кети Лешко, родители на загинатиот диџеј Љупчо. Тие се по вторпат во студиото со нови моменти за трагичното загинување на нивниот син. Веќе е стигната информацијата од обдукцијата, а благодарение на претходниот Претрес, рекоа родителите, викнати се и сведоци.
Причина за смртта е смртен удар, нема обвинети, нема постапка, велат родителите.
Во потврдата од Полициската станица Чаир стои што видела полициската увидна екипа.
„Тогаш“, рече Раде Лешко, „се славеа два родендени“. Неговиот син бил повикан од славеничката, а во белешката таа никаде не се споменува. „Не е точно“, посочи, „дека кога излегол од базенот починал, тој пуштал музика уште 20 минути“.
„Идентитет ќе почитуваме, но не и презумпција на невиност. Нас институциите не нѐ почитуваат, ние 5 месеци чекаме одговори”, вели родителот Радев Лешко кој говореше за низа нелогичности во службената белешка и фактичката состојба.
„Ние се сомневаме во неисправна инсталација каде загинатиот диџеј Љупчо пуштал музика“, сметаат родителите.