Македонија

(Видео) Родителите на загинатиот Љупчо: Дали МВР и ОЈО соработуваат, општините само штанцаат дозволи за објектите

Родителите на загинатиот диџеј Љупчо Лешко, во „Претрес со Ландов“ прашуваат зошто дури по пет месеци е вештачен објектот во Радишани, кој бил издаден за приредување роденденска забава.

„Објектот нема технички прием, на што работи, на основа на одобрение за градба. Врз основа на што издаваат дозволи, општините само штанцаат дозволи. МВР и ОЈО дали соработуваат”, прашуваат родителите.

Бараат одговорност како настанал струјниот удар и што било неисправно. Сите присутни на забавата биле боси, голи и мокри. И други, велат, можеле да бидат мртви.

„Не знаеме кој може да е епилогот, по 5 месеци е вештачен објектот. Го испративме синот да пушта музика, но го испративме во пекол. Институциите молчат, недовербата е голема, државата треба да застане на страна на граѓаните. Некој ја прикрива вистината. Обвинителката знае се”, велат родителите.

Мајката не верува дека ќе исплива вистината, а таткото се надева дека ќе се дознае вистината.

„Мојот син не е загинат во несреќен случај”, вели мајката, посочувајќи дека во крвта на Љупчо нема нити алкохол нити дрога.

На почеток