(Видео) Стевче Ивановски во „Претрес“: Со 99 посто оштетен вид, со лупа работев во архива
Стевче Ивановски, лице со попреченост, беше гостин во „Претрес со Ландов“.
Врз мене се врши системско измачување од ЈП за државни патишта, вели Ивановски.
Тој бил примен како технички секретар во телефонска централа. Тогаш имал 73 посто оштетување на видот.Потоа бил ставен да работи како видео контролор за наплата, без соодветен екран, иако знаеле каква му е состојбата.
„Драстично ми се намали видот од обврските кои ги добивав. Ако се откажев од работа, од каде ќе имав егзистенција. Ме праќаа секаде да работам на замена, па и во кујна. По неколку работи истовремено работев. Со 99 посто оштетен вид, со лупа работев во архива”, вели Ивановски.
„Иако“, вели, 2требаше да бидам ослободен од работа, ме викаа на работа и додека беше пандемијата на Ковид“.