Свет

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови и ракети, погодена рафинерија

Украина истрела кон руската руска територија најмалку 13 проектили и 84 беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтена рафинерија во јужниот дел на Ростов, кој гореше со часови, соопштија руските власти.

Додека Русија напредува со своето најбрзо темпо од почетокот на војната во 2022 година, Украина се обидува да ја нападне руската нафтена инфраструктура, која финансира значителен дел од воената економија на Русија. Руската противвоздушна одбрана собори 84 беспилотни летала над руските региони, вклучително и 36 над регионот Ростов, соопшти Министерството за одбрана.

Вршителот на должноста гувернер на Ростов, Јуриј Сљушар, рече дека Украина го погоди регионот со најмалку 13 проектили и десетици беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтената рафинерија Новошахтинск, која во неколку наврати беше цел на Украина. Најмалку едно лице е повредено за време на нападот, рече Сљушар. Пожарот е изгаснат рано утринава.

Сè уште не е јасно кои проектили ги истрела Украина кон Ростов, иако претходно овој месец Киев погоди руски воен аеродром со ракети АТАКМС од американско производство, предизвикувајќи голем руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.

По одобрението од администрацијата на американскиот претседател Бајден, Украина на 19 ноември ја нападна Русија со шест ATACMS од американско производство, а на 21 ноември со британски ракети Storm Shadow и американско производство HIMARS. Рускиот претседател Владимир Путин, по тие напади, истрела нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел, позната како Орешник кон Украина на 21 ноември.

Андриј Коваленко, шеф на официјалниот украински Центар за борба против дезинформации, напиша на Телеграм дека ракетниот напад бил насочен кон хемиската фабрика Каменски „која произведува ракетно гориво специјализирано за компоненти на цврсто гориво за ракетни мотори“. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна.

На почеток