Скопје

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. На високото седмо место со воздух кој е квлаификуван како „нездрав“, пред Скопје, од европските градови е само Сараево. Останатите места ги делат Пакиста, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран. Овој извештај ги покажува алармантните нивоа на ПМ-честички и други штетни материи во воздухот, што го става градот меѓу најзагадените урбани средини во светот.

Скопјани пред две недели на протестен марш го искажаа своето незадоволство од загадениот воздух. Според организацијата Зелен хуман град, секоја година во Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм2.5

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, рече дека според него, првиот фактор за лошата состојба со амбиенталниот воздух е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

„Тука е и урбаниот транспорт и ред други причини. Ние веќе усвоивме и работиме на конкретна програма каде што освен гасификацијата, предвидени се и когенеративни гасни системи, исто така планираме да ги субвенционираме да се враќаат граѓаните на централното греење, посебно во урбаните средини каде што има. Во однос на гасификацијата, мислам дека тоа е едно од решенијата што граѓаните ќе ги пренасочи кон помалку штетни или нештетни средства за греење во текот на сезонава. Исто и во однос на урбаниот транспорт како што почнавме со електричните автобуси… Работиме, исто така, и на други иницијативи и проекти. Значи, посветени сме сите можности да ги искористиме за да дојдеме до почист воздух“, рече Меџити.

На почеток