Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука иако бил на стоп листа, смета Калајџиев
Професорот Гордан Калајџиев коментирајќи го случајот со заминувањето на ексвицепремиерот Артан Груби за Косово, вели дека полцииските службеници не можеле да го спречат. Тој смета дека за тоа не постоела судска одлука, за да се спроведе.
„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“, вели Калајџиев.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот премин „Блаце“ Б. Ј. и Б. А., кои на денот на акцијата за претрес за случајот „Лотарија“ на 15. овој месец, го пуштија за проневера осомничениот поранешен прв вицепремиер Артан Груби да избега од апсење, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицискиот службеник Б. Ј., кој се товари дека направил тешка дисциплинска грешка, е тргнат и суспендиран од работа.
Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден