Македонија

Ноќеска дожд, денски магла – најладно е во Берово

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-4 Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, Велес, -1 Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Прилеп, Гевгелија, 1 Маврови Анови, Охрид, Виница, 2 Крушево 4 Дебар.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
33 Попова Шапка, 24 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во првата половина од ноќта времето беше ведро, а подоцна облачноста се зголеми. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно со појава на магла по одделни котлини.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

На почеток