„Вања е убиена клечејќи, и било пукано одзади, на ДНК-то се најдени траги од Велибор“ – обвинителството со докази
Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот од пиштол со калибар од 9мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 цм во телото близу ‘рбетот.
Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство.
Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзините патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.
Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.
Жежовски бил закопан во дупка длабока 2,7 метри. Најдена е чаура до дупката во периферијата на Велес, каде бил пронајден и мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње.
Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата од десната страна а и тој се наоѓал во полунаведната положба додека бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно ппо неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.