Седумгодишно дете загина, а други се ранети: во училиште во Загреб се случи грозоморен чин
Деветнаесетгодишно момче со нож усмрти еден ученик, а повреди уште неколку деца и една наставничка во основното училиште „Пречко“ во Загреб, пренесува Хрватската национална телевизија (ХРТ).
Напаѓачот во училиштето во Загреб бил поранешен ученик на ова училиште и имал психички болести, изјави денеска министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Шокирани сме од овие настани. 19-годишен млад човек влегол во училиштето и со остар предмет ги нападнал наставничката и учениците. Едно дете починало, додека уште тројца повредени се испратени во медицински установи. Наставничката и напаѓачот се во болница и на сите лица им е укажана лекарска помош. Сторителот е 19-годишник кој бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на тоа училиште, рече министерот.
Според информациите од хрватските медиуми, починатото дете има седум години, а повредени се пет деца.
Напаѓачот, пак, и самиот учел во училиштето и живеел во негова близина.
По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила.