Шестмина мртви во украинскиот напад на руски град, Москва се заканува: „Нашиот одговор ќе дојде за кратко“
Шест лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени во петокот во украински ракетен напад врз градот Рилск во руската област Курск, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Хинштајн.
„Десет ранети се пренесени во болница со полесни повреди, напиша Хинштајн на Телеграм.
„Ова што се случи денеска е голема трагедија за сите нас“, нагласи тој, додавајќи дека никој нема да остане без поддршка.
https://x.com/mouw5284/status/1870268659035197541
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, подоцна на седницата на Советот за безбедност изјави дека Москва брзо ќе одговори на „недвосмислениот потег на режимот во Киев“.
„Како што добро разбирате, нашиот одговор на ова насочено злосторство против мирните руски граѓани нема долго да дојде“, рече тој на седницата.
Украинските власти се уште не го коментирале инцидентот.