Македонија

Шест месеци голгота: Уште ја нема Злата, семејството во исчекување, разочарани од полицијата

Поминаа шест месеци од исчезнувањето на Злата Јанкова, која последен пат е видена во селото Орел, Свети Николе. Семејството посочува дека нема никакво сознание за правецот во кој се движи истрагата. Член на фамилијата посочува дека немаат ниту помош од полицијата. Тие посочуваат дека Злата немала кавги со семејството, живееле во слога и разбирање, а немала ниту здравствен проблем.

„Оставени сами да се молиме на Господ да ни помогне да е жива и здрава да се појави од некаде или пак некој добро намерен човек да ни помогне. Шест долги месеци тага и болка исчекување да се случи нешто позитивно, до толку тешко што животот е бесмислен! Наспроти нас имаме изгубено член и столб на семејството , и секако полицијата која до петиот месеци си ги помина многу убаво сите продолжени викенди, државни празници и летни одмори“, пишува Дарко Јанков, член на семејството.

Според него, првпат потрага по Злата се направија по пријава во Внатрешна контрола.

„Добро се наспаа цели пет месеци за да се појави внатрешна контрола по моја иницијатива и на нивно барање на пет месеци за првпат организираа претрага на исчезнато лице, жално, болно, но вистинито“, додава тој.

Целото негово сведоштво:

Screenshot

На почеток