Нови закани во Германија за злосторства на божиќен пазар
Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал на TikTok дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влетал со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а ранил 200.
Криминалистите често предупредуваат на можноста за имитирање на вакво насилство по тешки кривични дела. Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.