Бојан Христовски може да биде директор на АНБ, ги исполнува сите услови, одлучи ДКСК
Бојан Христовски ги исполнува условите да биде директор на Агенцијата за национална безбедност, одлучи едногласно Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тие се децидни дека тој ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ. Сите институции со кои разговарале, одговориле дека дипломите и стекнатите кредити како студент му се согласно законите.
Согласно образложанието, од ДКСК побарале и им биле доставени податоци од надлежните институции во кои утврдиле дека заради апликација од страна на апликантот до Владата биле доставени уверение за државјанство, уверение за завршени студии за високо образование седми степен, одлука за одбрана на магистерски труд, уверение за испити положени од прв циклус, доказ за работно искуство, доказ за познавање на англиски јазик како и изјави во однос дека нема забрани за вршење професија, ниту привремена мерка за вршење дејност, како и да изјава дека не е член на политичка партија и дека не му е утврдено постоење судир на интереси.
-Врз основа на сомнежите за валидноста на приложените документи, ДКСК постапувајќи по своите надлежности побара вонреден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат во наведениот факултет со цел проверка на приложените уверенија и дипломи за стекнати 240, односно 180 кредити. ДПИ постапи и достави допис во кој се констатира дека нема неправилност во работењеото на универзитетот, односно приложените уверенија и дипломи се издадени во согласност со законски прописи, рече таа, дополнувајќи дека ДКСК нема надлежност за директна експертиза на документите.
Христовски, заклучи Комисијата, добил и сертификати за строгодоверливи информации и оти проверките за стекнување на безбедносниот сертификат „државна тајна“ се во тек.