Свет

(Видео) Се урна патнички авион во Казахстан, шест лица го преживеаја падот

Патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, се урна во Казахстан, јавува АПА.

Според тамошната служба за итни случаи, во авионот имало 72 лица.

Според првите податоци има и преживеани.

„Шест лица ја преживеаја авионската несреќа кај Актау“, потврди министерот за здравство.

Авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни се урна во средата наутро.

Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското Море.

На почеток