Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Тренчевска: Која е фактурата што ДПМНЕ ја испорачува на ДУИ со пропуштањето на Груби преку граница?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Која е фактурата што ДПМНЕ и ДУИ си ја испорачуваат со пропуштањето на Артан Груби преку граница? Оваа цела ситуација личи исто како летото што избега Блерим Рамадани, така сега и Груби, и сите оние кои треба да одговараат пред законот, се во некаков договор со ДПМНЕ, ја напуштаат границата и бегаат, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

- Не може коалицискиот партнер на ДПМНЕ да знае каде е Груби, а Тошковски да нема информации каде е. Многу прашања кој ги постави СДСМ на прес конференциите не беа одговорени од страна на власта, токму за пуштањето на Артан Груби преку граница. Ама имаше неколку кажувања, прво дека во еден момент не работеле камерите, па дека пешки ја поминал границата, па бил со дипломатско возило. И да не работат камерите, видеонадзорот не е на батерии. Многу е сомнително, а токму човек на Тошковски тој ден бил на работно место и го пропушта Груби да помине на граница. Сето ова укажува дека станува збор за некаков договор, рече Тренчевска.

— реклама —

Тренчевска се осврна и на шесте месеци откако ДПМНЕ е на власт, велејќи дека за ова време од сè што ветија ништо не направија, освен што во судството ги местат своите, се разрешуваат комисии и регулаторни тела, а се поставуваат членови на ДПМНЕ.

— реклама —

- Со ДПМНЕ нема светла точка во државата? Што постигнаа од она што ветија? Ништо. Ниту e подобар животниот стандард ниту има зголемување на платите. Дали кошничките дадоа резултат за подобрување на животниот стандард? Не. Новогодишната кошничка, ги разочара граѓаните, цените не се намалени, туку се поскапени. Премиерот излезе и рече дека кошничката дава резултати, за денес да слушнеме дека имало покачување на цените. СДСМ уште пред да започне оваа мерка новогодишна кошничка укажуваше дека трговците ги зголемија цените со амин на власта. Со политиките на ДПМНЕ граѓаните само осиромашуваат, рече претеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

— реклама —
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

ВМРО-ДПМНЕ со напад: Филипче „слави“ победа на сестринска партија на ВМРО

Македонија | пред 4 часа

media-library5nir9v6qj4lpeQ4TKBP

СДСМ бара референдум за рудникот во Луке: „Граѓаните да одлучат“

Македонија | пред 4 часа

media-libraryruovfnki3sidcnU0sCq

Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта работи за богатите

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања