Свет

(Драматично видео) Преживеани патници излегуваат од остатоците на авионот

Во страшната несреќа кога патнички авион се урна во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, животот го загубија над 40 лица. Во авионот имало 72 лица, патници и членови на екипажот, а според последните информации преживеале 25 лица.

Меѓу патниците имало и деца.

Некои од лицата кои се пренесени во болница се во тешка состојба.

На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници кои излегуваат од остатоците од авионот.

Според првичните, неофицијални информации, авионот на летот Баку-Грозни, претходно беше пренасочен кон аеродромот во Казахстан поради густа магла во Грозни, но според информациите, за време на летот се судрил со јато птици, што предизвикало дефект на моторите и пад на авионот.

На почеток