Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Трипуновски: За два дена се изврши исплата од над 1,7 милијарди денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Cvetan-Tripunovski-25.12

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски на денешната прес-конференција потсети дека во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбедила над 1.250.000.000 денари со цел да се исплатат заостанатите обврски кон македонските земјоделци.

— реклама —

„Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година

— реклама —

- Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година.

- Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина.

- Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури.

- Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал.

- Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

- 146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

- Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година.

- И за останати мерки“, кажа Трипуновски.

„За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност.

За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност.

Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка.

Земјоделците овојпат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава“, додаде министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 2 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања