Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден
Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м3.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50км фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.