Седумте лица заглавени во Лазарополе од 24 декември, денеска беа извлечени
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/03/sneg-5.jpg)
Седумте лица заглавени во Лазарополе од 24.12.2024 година, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.
Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди, известуваат од ЦУК.
Од таму апелираат до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска се уште врне обилен снег.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)