Пронајдени мигранти во товарно возило: влегле во камионот додека возачот ги извршувал царинските формалности на граница
Од
Објавено на
Вчера во 00.20 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници при извршена проверка над товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки, пронашле четворица мигранти, од кои три лица од Авганистан и едно лице од Пакистан.
По извршен службен разговор со возачот и лицата-мигранти констатирано било дека додека возачот ги извршувал царинските формалности на Граничниот премин Евзони-Р.Грција, мигрантите влегле во товарниот дел на возилото.
Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.