Скопје

Најдоа кој да пее за Нова година во Скопје, на пет дена пред дочекот

На 5 дена до Новата година, Град Скопје конечно ја објави програмата за прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад „Македонија“.

Како што е наведено во соопштението, на градскиот плоштад ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19.30 часот. Организаторот компанијата „Спектаклум” посочува дека се пријавиле и биле израни на конкурс.

За минатогодишниот дочек пак, вчера во јавноста следеа обвинувања за неисплатени хонорари од страна на Комората на музичката индустрија, кои се пожалија дека цела година ги чекаат средствата од Град Скопје и дека ќе тужат.

Од Град Скопје пак, порачаа дека не должат ништо на музичарите со кои не ни потпишале договори, и најавија тужба за Комората која беше организатор на новогодишниот дочек изминатите две години.

На почеток