Ако сме богати како држава недела целосно да биде неработна, ако не – да се работи, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека мора да се отвори прашањето рече дека ќе се отвори дебата дали недела ќе остане секелтивно неработен ден.
„Владиниот план е на следната седница на социо-економскиот совет да се отвори ова прашање. Јас имам лична дилема. И недела е работен ден, вие новинарите доаѓате кога имаме настани.. Значи не се сите еднакво вреднувани. Или никој нека не работи, се се затвора сабота навечер и се отвора и понеделник наутро. Ако сметаме дека сме толку богати како држава.. Или да се работи, ама работодавачите да даваат двојна-тројна дневница“, рече Мицкоски.
Недела за неработен ден беше прогласен од Владата на СДСМ и ДУИ. Но сепак, можат да работат објекти зависно од квадратурата, трговски центри, бензиски, угостители.