(Видео) Полицаецот кој симна албанско знаме од бандера нема никаква вина, завршена е постапката против него
Од
Објавено на
Не е утврдена одговорност, ниту прекршување на стандардно-оперативните процедури од страна на полицаецот кој на Денот на албанското знаме, симна албанско знаме од бандера. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Беше отворена истрага од Одделот за внатрешна контрола. Во рамки на утврдените дејствија, не е утврдено дека тој прекршил процедура во рамки на МВР. Подетално може да видиме што е и како е, понатаму“, рече Тошковски.
Со ова, постапката за полицаецот е затворена.