Прегазен пешак во Гостивар, со тешки повреди пренесен во болница
Од
Објавено на
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 27-годишниот Д.К. од Гостивар, удрило во пешакот 63-годишниот Е.С. од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.С., констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа.