Македонија

Скопјанец тешко повреден: изгубил контрола врз возилото, удрил во жичена ограда, па потоа во бетонски столб

Вчера во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на aвтопатот Скопје – Велес, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.Ѓ. од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во жичена ограда, а потоа во бетонски столб.

Возачот Р.Ѓ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток