Свет

Најмалку 120 загинати во авионската несреќа: удар во птици можната причина да откаже опремата за слетување

Најмалку 120 луѓе загинаа во авионска несреќа што се случи кога Боинг слета на аеродромот Муан во Јужна Кореја.

Летот на Jeju Air, со 181 патник, летал од Бангкок, Тајланд до Муан, кога излетал од пистата, удрил во ѕид и се запалил.

Спасувачките тимови извлекоа двајца преживеани членови на екипажот од остатоците на Боингот 737, а потрагата продолжува.

Опремата за слетување на Боинг 737-800 откажа, веројатно поради удар на птица, шпекулира новинската агенција Јонхап. Пилотот наводно не успеал да слета во првиот обид, па се обидел да го подигне авионот и да се обиде повторно.
На фотографиите од јужнокорејските медиуми се гледаат остатоците од авионот во пламен и чад.
Вршителот на должноста претседател Чои Сунг-мок наредил сите служби да се вклучат во спасувањето, соопшти неговата канцеларија.

Портпаролот на Jeju Air изјави дека се уште собираат информации за несреќата. Аеродромот во меѓувреме ги откажа сите домашни и меѓународни летови, објави Јонхап.

Боинг изрази сочувство до семејствата на жртвите. Американската управа за безбедност на воздухопловството не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за несреќата.

На почеток