Македонија

Голема акција: Се претресува во пет града во Македонија, за криумчарење на луксузни автомобили

Акција за криумчарење на автомобили, од кои дел украдени и внесени во Македонија, се одвива во пет града. Припадници на МВР вршат претреси, а има и приведени лица. Според првичните информации, освен во Скопје, полицијата ја спроведува акцијата и во Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство. Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување“, велат од Обвинителството.

На почеток