Утре пресуда за родителите на монструмот кој уби 9 ученици и чувар во училиште во Белград
Година и пол по грозоморното убиство, се очекува, судот во Белград утре да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година со пиштол уби девет ученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Тој рани уште пет ученици и наставничка.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, бара судот да изрече максимална затворска казна. Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување на малолетно лице.
Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.
Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за давање лажен исказ.
За Стефановиќ брачниот пар Кецмановиќ не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.
Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.