МВР за претресите: Им влегле на 10 лица, а им нашле кокаин, уреди, документи
Од
Објавено на
Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје, ЕВР Ѓорче Петров, СВР Битола, ОВР Неготино и ОВР Гевгелија во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на судија на претходна постапка, преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
Извршени се 10 претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола.
При претресите е пронајдена разновидна документација, околу 25 грама кокаин, лап топови, телефони и други предмети поврзани со кривичните дела.