Македонија

Почина Јагнула Куновска, политичарка, писателка и адвокатка

Јагнула Куновска, почина денеска на 81-годишна возраст.

Куновска беше родена во 1943 додина во Костур и била внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа беше евакуирана во Тетово во 1948 година, во бегалскиот бран од Граѓанската војна во Грција.

Куновска е дипломиран правник, работеше како адвокатка но и беше активен член на Друштвото на писателите на Македонија. Беше позната и по своите колумни.

Во 1990 година, Куновска учествува во одновањето на Движењето за семакедонска акција (МААК).

Во 1999 година застана зад кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.

Во 2006 година, таа беше кандидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, но по извесно време ја напушти партијата и стана членка на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток